Здружение на енергетичарите на Македонија

ул. Даме Груев бр.14а

1000 Скопје, Македонија

Тел +389 2 2401 733

info@zemak.mk

Избор од последни-от број:

ЗЕМАК веб портал - Ваш информатор за домашните, регионалните и светските случувања во енергосекторот.

СПОРЕДБЕНА АНАЛИЗА НА РАЗВОЈОТ НА ЕНЕРГЕТСКИОТ СИСТЕМ НА МАКЕДОНИЈА ДО 2035 ГОДИНА

Објавено 20 Август 2018

Big Image Основна цел за развојот на енергетскиот сектор на една земја е да се обезбеди сигурно, безбедно и квалитетно снабдување на потрошувачите со енергија и енергенти, забрзан стопански развој и зголемена грижа за животната средина. Република Македонија како земја со висока потрошувачка на енергија по БДП и ниска потрошувача по жител, споредено со земјите од ЕУ, соочена е со низа предизвици во енергетскиот сектор, меѓу кои најзначајни се ниската застапеност на природниот гас во потрошувачката на енергија, зголемен увоз на електрична енергија која е сѐ позастапена во финалната потрошувачка на енергија, значителни емисии на штетни гасови и честички од термоенергетските објекти и од сообраќајот, како и малата способност за инвестирање во големи енергетски објекти ... >>>

Архива на досегашните изданија на е-магазинот на ЗЕМАК >>>

comment МЕТОДОЛОГИЈА ЗА ДОЛГОРОЧНA АНАЛИЗA ЗА СНАБ- ДУВАЊЕ СО ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА
Расположливоста на достапни, сигурни, економични и еколошко прифатливи извори за производство на електрична енергија е неопходна за социо-економскиот развој на државите во развој.Долгорочната природа на развојот на енергетската инфраструктура бара интегрирани, сеопфатни и навремени анализи, планирање, подготовка, имплементација и мониторинг. Овој труд ја опишува методологијата MESSAGE за енергетско планирање . .... >>>

commentСЕНЗИТИВНА АНАЛИЗА НА ПОТЕНЦИЈАЛНИТЕ ХИДРОЕНЕРГЕТСКИ ОБЈЕКТИ НА СЛИВОТ НА ЦРН ДРИМ
Во овој труд ќе бидат анализирани повеќе хидроенергетски проекти на хидросистемот Црн Дрим, кои подолг временски период се анализирани и планирани. Исто така, изработена е енергетска проценка на нивно можно производство, како и економска оправданост од нивната евентуална изградба во иднина. Иста така, во овој труд посебен акцент ќе биде ставен на спроведување на сензитивна анализа на повеќе потенцијални ... >>>

comment АНАЛИЗА И СПОРЕДБА НА РЕШЕНИЈАТА ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ЗАГУБИТЕ НА ТОПЛИНА ОДВЕДЕНИ СО ШЉАКАТА ЗАРАДИ НЕЦЕЛОСНО СОГОРУВАЊЕ НА ГОРИВОТО ВО ТЕ БИТОЛА

Во ТЕ Битола направени се два обиди за подобрување на ефикасноста на котлите преку намалување на загубите на топлина одведени со шљаката заради механички нецелосно согорување на горивото. Првиот обид е направен со вградувањето на т.н. систем за долно дување, односно дислокација на терцијалниот воздухот (воздухот од под јагленовите пламеници) во долниот дел на ложиштето, а вториот обид е направен со вградување на решетка за досогорување. Во овој труд детално се објаснети промените кои се ... >>>

comment РЕШАВАЊЕ НА ДИНАМИЧКА СТАБИЛНОСТ НА ЕЕС СО ПОМОШ НА MatDyn

Електроенергетскиот систем на секоја земја, претставува збир од електроенергетски елементи и зафаќа површина од големи размери кој е меѓусебно поврзан преку интерконекции. ЕЕС е производ од оперативно, економично водење како и взаемната асистенција од другите соседни електроенергетски системи. Сепак таа заедничка интеракција меѓу елементите во системот како и взаемната асистенција со другите системи, допринесува за т.н. нарушување и појава на големи проблеми од сферата на системска стабилност.
Преку годините проблемот со енергетската стабилност стана и голем предизвик и главна преокупација на инженерите ... >>>

comment БИЛАНС НА ЕЛЕКТРИЧНА EНЕРГИЈА И МОЌНОСТ И АНАЛИЗА НА АДЕКВАТНОСТ НА ЕЕС НА РМ

Сигурноста во снабдувањето со електрична енергија е одредено преку нивото на потро- шувачка (GWh) и различни нивоа на оптоварување (MW) од една страна, како и можностите за задоволување на потреби во однос на расположливите енергетски извори и преносни капацитети од друга страна, односно преку биланс на електрична енергија и моќност. Адекватност на електроенергетскиот систем е мерка за способноста на системот да ги снабдува вкупните по- треби оделектрична енергија и моќност на потрошувачите во сите стационарни режими во кои се наоѓа ... >>>

commentREPAIR OF PROTECTION FROM EXTINGUISHING OF FLAME IN BOILERS IN TPP BITOLA
На блоковите 2 и 3 во ТЕЦ Битола беше извршена модернизација на котлите и при тоа е заменета целокупната заштита од гасење на пламен (АЗК) и монтирана нова опрема. Ова е направено во 2012 и 2013 година. После модернизацијата, системот за заштита од гасење на пламен неисправно работи и предизвикува лажно исклучување на блоковите. Ова е причина котлите да се во работа без оваа функција и да работат без заштита, што го прави нивниот режим на работа несигурен.

Во главно работата со котелот е предвидена да биде на јаглен без користење на мазут. Во трудот ќе бидат презентирани технички барања и функција на заштитата на . ... >>>